Американската администрација истражува низа здравствени инциденти во Виена во кои се инволвирани американски дипломати и друг помошен персонал
Повеќе од 20 службеници во Виена од јануари досега пријавиле симптоми слични на Хаванскиот синдром – мистериозна болест на мозокот.

За овој синдромот засега нема објаснување – американските научници велат дека најверојатно е предизвикан од насочена микробранова радијација. Првпат беше евидентиран во Куба во меѓу 2016 и 2017 година. Тогаш американски и канадски дипломати во Хавана се пожалиле дека чувствуваат симптоми од вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слух и вознемиреност. Чувството дури го опишувале и како „когнитивна магла“. САД ја обвинија Куба за извршени „звучни напади“ – Хавана ги отфрли обвинувањата.
Случаите во Виена првпат излегоа на виделина откако американски медиуми објавија за инцидентите, а тоа подоцна го потврди и Стејт департмент кој информираше дека енергично ги истражува појавите.
Виена долго време беше центар за дипломатска активност и имаше репутација на шпионско жариште, особено за време на Студената војна. Земји како САД имаат големо дипломатско присуство во овој град каде во моментот се одржуваат индиректни разговори меѓу Иран и САД за обидите за возобновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година.