Министерот за одбрана заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија
На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг донесовме одлука за зголемување на инвестициите во одбраната кои ќе значат нова, модерна и софистицирана опрема за Армијата, професионални и стручни војници, објави попладнево министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„Македонија е посветена на оваа одлука. Средствата ќе се зголемуваат постепено, а за нас е исклучително важно одбранбениот буџет да значи исполнување на НАТО-целите на способности“,
додаде Мисајловски.
Министерот за одбрана заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, учествуваше на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија.
„НАТО е најмоќната алијанса во историјата, а зголемените инвестиции ќе овозможат тоа да остане така и во иднина“,
напиша Мисајловски на Фејсбук.