Како што посочи Мисајловски, направен е и нов договор влада со влада со САД, за програмата „Клиса“ со што ќе се одвојат 3,5 милиони доари за сите дополнителни резервни делови што се потребни за сите возила од американско производство
Mодернизацијата на Армијата продолжува со максимално темпо и за таа намена е најголемиот дел од буџетот за одбраната за следната година којшто изнесува 358 милиони евра, за 27,7 милиони евра повеќе во однос на буџетот за годинава, изјави вечерва во емисијата „Топ тема“ на Телма, министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„Околу модернизацијата, поминавме многу договори, сите успешно ги затвораме. Стигнаа хаубиците, тоа е многу важен договор со Турција, останува уште дел од проектилите да стигнат наредната година. Исто така го завршивме и процесот во делот со нашиот стратешки партнер САД каде стигнаа последните JLTV возила и веќе имаме 96 лесни оклопни возила за потребите на нашата батаљонска група, а од друга страна, следната година стигнуваат и сите оклопни возила STRYKER“,
рече Мисајловски.
Тој најави дека во првиот квартал следната година ќе биде првата испорака од ракетниот систем „Мистрал“ согласно договорот со Франција, како и дека ќе пристигнат два хеликпотери од договорот со италијанскиот производител „Леонардо“, а потоа на секои три месеци ќе има искорака и на други хеликоптери.
Како што посочи Мисајловски, направен е и нов договор влада со влада со САД, за програмата „Клиса“ со што ќе се одвојат 3,5 милиони доари за сите дополнителни резервни делови што се потребни за сите возила од американско производство.
„Тоа ќе овозможи ставање во функција на многу од старите возила. Ќе се реализираат и неколку договори од над 20 милиони евра со кои ќе се овозможи со сите земји од НАТО да се прават заеднички симулациски вежби, а ќе се прави и нов центар за крипто заштита од над 6 милиони евра, нови радио уреди за сите операции и мисии“,
најави Мисајловски.
Како што потенцираше тој, најголем дел од буџетот за 2026 година ќе биде за модернизација.
„Ако гледаме дека следната година ќе биде 358 милиони евра – најголем историски буџет, за разлика од оваа година, односно 27,7 милиони евра поголем буџет, но најважно е што најголем дел од овој процент ќе оди за капитални расходи, односно за модернизација. НАТО бара 20 проценти, ние ќе вложиме над 32 проценти, заедно со инфраструктурата што ја работиме се над 47 проценти. Тоа е сериозна сума директно за проекти и модернизација“,
рече министерот за одбрана.
