Македонската јавност беше сведок на меѓународен блам, Ковачевски нема кредибилитет да ја претставува Македонија и да ги брани националните интереси во меѓународните односи, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат извинување пред целата јавност од премиерот Ковачевски и негова оставка
„Не се само понижувачки зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓунардона сцена пред балканските лидер и германскиот канцелар, туку што Ковачевски тоа го проследи со недоветно смеење и ододбрување. Вчера кога го претставија како премиер на Идна Западна Бугарија, ако имаше достоинство ќе реагираше во одбрана на својата држава која ја претставува и за што зема плата од граѓаните, а не без врска да се смее и радува“
изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ вчерашната сцена на Самитот во Солун ја соголила вистинската слика за бедотијата со која се води македонската дипломатија.
„За ваквото навредување на својата земја тој должи не само извинување туку оставка, како чин на одговорност за срамот кој се нанесе на меѓународна сцена. СДСМ е таа која должи извинување за ова поведение на Ковачевски, но тие решија тоа да го бранат“
додаде Мисајловски.
