Министерот за транспорт Александар Николоски во петокот изјави дека е оптимист оти на состанокот, што ЕК за денеска им го закажа на министрите од шесте земји на Западен Балкан, ќе се постигне договор за престојот на транспортерите во Шенген-зоната. Сепак, како што рече, дури и договорот да се постигне денеска, ќе треба време тој да почне да се применува бидејќи треба да биде изгласан од членките на Шенген-зоната и од ЕК
Надлежните министри од Западен Балкан денеска ќе одржат онлајн состанок со претставници на Европската комисија (ЕК) на кој ќе се отвори прашањето за проблемот со кој се соочија транспортните превозници од регионот, а кој се однесува на нивниот престој во Шенген-зоната.

На состанокот ќе присуствуваат министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западен Балкан, а од другата страна ќе бидат претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство, за мобилност и транспорт и за миграција и внатрешни работи.
Министерот за транспорт Александар Николоски во петокот изјави дека е оптимист оти на состанокот, што ЕК за денеска им го закажа на министрите од шесте земји на Западен Балкан, ќе се постигне договор за престојот на транспортерите во Шенген-зоната. Сепак, како што рече, дури и договорот да се постигне денеска, ќе треба време тој да почне да се применува бидејќи треба да биде изгласан од членките на Шенген-зоната и од ЕК.
Портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во петокот изјави дека Комисијата е свесна за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, дека внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите од регионот.
