Претходно денеска републичкото Јавно обвинителство го објави официјалниот список со бројот на починати и нивната возраст. Најмладите починати имаат 16 години
Министерството за здравство попладнево ги објави имињата на 59-те трагично загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи ноќта помеѓу 15 и 16 март. Објавувајќи го официјалниот список со идентитетите на жртвите, од Министерството апелираат да не се шпекулира со невистинити информации.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души“,
наведуваат од Здравство во објавата на социјалните мрежи.
Претходно денеска Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија го објави официјалниот список со бројот на починати и нивната возраст. Најмладите починати се на 16-годишна возраст, а најстарата жртва во трагедијата е на возраст од 48 години.
Во продолжение интегрално го пренесуваме списокот со имињата на 59-те загинати.
- Алексова Стефанија (2004)
- Џамов Јорданчо (1993)
- Трајчев Иван (2000)
- Ѓоргиев Џоко (2000)
- Коларов Александар (1981)
- Величков Иван (1998)
- Стојанов Андреј (2000)
- Антова Ивона (2003)
- Христовски Павел (2004)
- Димитријев Диме (1994)
- Насевски Никола (2007)
- Богданов Тоше (1994)
- Тодоровски Тоше (1988)
- Коцева Ана (2004)
- Живков Адријан (2000)
- Петрушов Гордан (2001)
- Горгиев Игорче (1976)
- Стевановски Филип (1988)
- Стојанов Томче (2003)
- Стоименова Моника (1999)
- Стојанов Стојанчо (1988)
- Пројковска Николовска Capa (1977)
- Шопова Марија (1997)
- Ивановски Петар (2004)
- Ѓорѓиев Александар (1991)
- Марковски Матеј (2007)
- Закова Бојана (1997)
- Василков Ѓорѓи (1999)
- Петров Александар (1999)
- Минова Драгана (2008)
- Алексова Capa (2006)
- Ѓорѓиески Андреја (1982)
- Ивановски Филип (2008)
- Јорданова Capa (2007)
- Стрезоска Марија (2001)
- Ефремов Александар (1992)
- Велков Игор (1980)
- Тасева Стојковска Лепа (1998)
- Атанасовски Мартин (1996)
- Алексов Александар (1986)
- Минов Божидар (2001)
- Милковска Кети (1999)
- Златков Томас (2003)
- Соколова Стефанија (2005)
- Велков Леонид (2007)
- Наунова Надица (2007)
- Јорданов Виктор (2000)
- Панов Андреј (2000)
- Иванов Димитар (2008)
- Стоименов Спиро (1998)
- Владимиров Јове (1993)
- Андонов Ице (2003)
- Тасевски Стефан (1988)
- Величков Ѓорѓи (1994)
- Стојанов Александар (1986)
- Христова Сања (1999)
- Танески Дамјан (2006)
- Спасова Моника (1998)
- Лазаров Андреј (1999)
Педесет и деветте трагично загинати во пожарот во Кочани денеска ќе бидат погребани во повеќе градови во земјава. Најголем дел од загинатите ќе бидат погребани во Кочани, а погреби ќе се одржат и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица.