Ваквиот потег следува откако Владата на вонредната седница, која ја одржа во понеделникот, на предлог на Министерството за одбрана одлучи во погодените делови на Турција да испрати хуманитарен пакет од 10 000 ќебиња и 200 санитетски носилки
Во меѓувреме, за настраданите во Турција и Сирија денеска донираше и претседателот Стево Пендаровски
До градот Батман во југоисточна Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес, денеска испративме шлепер со хуманитарна помош, информираат попладнево од Министерството за одбрана.

Во хуманитарниот пакет што МО го испраќа за Турција се наоѓаат 5 000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.
„Пратката од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес. Благодарност до Македонско-турската стопанска комора, која се погрижи за пакувањето и транспортот на хуманитарната помош“,
се наведува во соопштението од Министерството за одбрана.

Ваквиот потег следува откако Владата на вонредната седница, која ја одржа во понеделникот, на предлог на Министерството за одбрана одлучи во погодените делови на Турција да испрати хуманитарен пакет од 10 000 ќебиња и 200 санитетски носилки.
Во меѓувреме, за настраданите во Турција и Сирија денеска донираше и претседателот Стево Пендаровски.
Тој во друштво на својата сопруга и на синот, на пункт на Црвениот крст на земјава донираше производи за погодените во земјотресите во Турција и Сирија.

„Денеска дониравме храна, средства за хигиена и облека за настраданите лица од земјотресите во Турција и Сирија. Во овие тешки денови, хуманоста и солидарноста што ја покажаа нашите граѓани е за секоја почит“,
објави Пендаровски на својот фејсбук-профил.
Во објавата на Фејсбук, претседателот го напиша и телефонскиот број 143 400 на кој граѓаните може да донираат 100 денари за помош на настраданите.