Министерството за здравство (МЗ) попладнево испрати допис до медиумите во кој информира дека е направена ненамерна грешка во извештајот за состојбата со ковид-19 во последните 24 часа, па така меѓу починатите нема 22-годишен пациент.
„Имено, во извештајот нема починат пациент на 22 годишна возраст од Струга, односно починатиот пациент од Струга има 72 години“,
соопштија од МЗ.
Во изминатото деноноќие починаа 41 пациент. Меѓу нив има и 34-годишен пациент од Скопје, како и пациенти на 43 и 44-годишна возраст од Прилеп и Велес.
Денешната бројка е највисока во овој трет бран на ковид-19 и една од највисоките од почетокот на пандемијата. Рекорден број на починати-46 имаше на 8 декември 2020.