Александар Димитриевски во Брисел направи кратко интервју со словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец. Тој го коментираше референдумот во Македонија и чекорите понатаму за очекуваното членство во НАТО.
– Посакувавме референдумот да даде појасен одговор. Но, беше многу јасно дека луѓето што излегоа на референдумот беа во значителни 91,4 отсто „за“ да се најде трајно решение за името и се одлучија за евроатланскиот пат на земјата. И уште еднаш повторувам дека се зависи од граѓаните, од политичарите, од владата, од парламентот, каков ќе биде идниот пат на Македонија – рече Ерјавец.
Тој рече дека Словенија и понатаму ќе продолжи да го поддржува членството на Македонија во НАТО и на ЕУ.
– Таа поддршка е важна и треба да се искористи за да стигнеме до уште постабилен регион. Гледаме дека во Западен Балкан се појавуваат одредени тензии. И природно, евроатланскиот пат е гаранција за безбедност во регионот и стабилност и добриот развој на Македонија – рече Ерјавец.
Тој им порача на македонските политички лидери да го продолжат дијалогот до наоѓање соодветно решение.
– Јас не гледам друга можност, и власта и опозицијата мора да ја најдат потребната согласност во име на развојот на вашата држава – рече Ерјавец.
Напишете коментар