Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки, порача министерот за здравство
Министерот за здравство, Беким Сали на својот профил на „Фејсбук“ информираше дека денеска ја посетил болницата во Велес, а на пациентите во ковид-центарот им посакал побрзо закрепнување.
Сали најави дека ваквите посети ќе продолжат и во останатите ковид-центри, со цел како што вели, да им даде поддршка на здравствените работници.

„ Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки“,
порача Сали.