Кошарац е дел од советот на министри во Босна и Херцеговина како функционер кој доаѓа од партијата Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик. За Додик, пак, босанските медиуми вчера информираа дека македонските власти не се согласиле тој да учествува на Преспа форумот за дијалог што на 16 јуни треба да започне во Охрид
Од Министерството за економија крато соопштија оти колегите од БиХ ги информирале дека од објективни причини делегацијата нема да дојде на средба и оти ја одложуваат на неодредено време
Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Стана Кошарац, ја откажа посетата на Скопје што треба да се реализира денеска.
Од македонското Министерство за економија соопштија само дека биле информирани од колегите оти доаѓањето на делегацијата се откажува на неодреднео време.
„Денешната средба што беше предвидена да се одржи помеѓу министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац, е одложена. Како што соопштија од Министерството за надворешна трговија и економски односи и од амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, поради објективни причини делегацијата нема да може да ја одржи денешната средба според планираното и дека истата ќе биде откажана на неодредено време“,
пишува во соопштението од Министерството за економија.
Според ангендата која беше најавена, Кошарац и Бектеши треба да имаат билатерална средба и да потпишат два договори: едниот за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, а вториот за соработка во областа на туризмот меѓу владите на двете држави.
Инаку, Кошарац е дел од советот на министри во Босна и Херцеговина како функционер кој доаѓа од партијата Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик.
За Додик, пак, босанските медиуми вчера информираа дека македонските власти не се согласиле тој да учествува на Преспа форумот за дијалог што на 16 јуни треба да започне во Охрид, каде политичарот се обидувал да се наметне како еден од гостите.
Порталот Политички.ба вчера објави дека официјални претставници на Северна Македонија официјално го информирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на настанот.