Од 2012 до 2018 пензиите имаа законски утврден раст според трошоците за живот(50%) и просечната плата(50%), објави Милошоски на Фејсбук
Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеа на пензионерите голема сума на пари од нивните пензии. Сега пак ќе се враќа истиот модел на раст на пензиите од 2012 година, но за жал Владата на пензионерите нема да им го врати тоа што им го земаше 3 ипол години. Многу ги осиромашија, напиша Антонијо Милооски на својот Фејсбук профил, како реакција на вчерашниот договор за новата методологија на раст на пензиите по тнр. швајцарска формула.
„Од 2012 до 2018 пензиите имаа законски утврден раст според трошоците за живот(50%) и просечната плата(50%)“,
напиша Милошоски.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера по состанокот во Владата со здруженијата и Партијата на пензионерите ја објасни и новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врши два пати годишно – во март и септември односно тогаш кога Државниот завод за статистика ги дава официјалните податоци. Новата методологија значи примена на т.н. швајцарска формула за пресметување на растот на пензиите.
„Се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување на нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на просечната плата“,
рече Ковачевски.
Премиерот смета дека со воведувањето на оваа методологија и зголемувањето на пензиите, во 2022 во однос на 2021 ќе има историски најголемо зголемување на пензиите.