И денеска имавме средби со премиерот и решен е оставката да ја поднесе што е множно поскоро, вели лидерот на ЛДП, кој е владин коалициски партнер
Во однос на мнозинството, тој рече дека очекува да се зголеми на 66, a во краен случај да остане како и сега, и зависи од одговорот од Алтернатива
Коалициските партнери кои сме во Владата имаме интензивни преговори за избор на нова влада што според мои проценки треба да се случи побрзо од што очекуваме, вели лидерот на ЛДП, Горан Милевски во интервју за Сител.
Милевски не сакаше да говори за детали од средбите кои ги имале со премиерот Заев, и рече дека до средината на следната недела се очекува да има искристализиран предлог за мандатар, а за десетина дена да се избере и нова влада.
Тој не сакаше да открива ниту детали од средбата на Заев со коалициските парнери претходните денови, туку рече дека на таа средба сите побарале Заев да не поднесува оставка за да не се загрози евроинтграцискиот процес, кој според Милески би требало да се одблокира во декември.
„Но разговорот така заврши, па некој ги брифирал медиумите дека тоа е нешто договорено да биде до декември. И денеска имавме средби со премиерот и решен е тоа да е поскоро. Ако тој е процесот, таа е политиката, ирелевантно е кој ќе биде премиер. Се надевам дека тоа ќе го имаме до крајот на годината“,
рече Милевски.
Во однос на предлозите за премиер, дали се тие од СДСМ, од внатре од коалицијата или од надвор, Милевски не сакаше да коментира.
За тоа дали ќе се задржи актуелната распределба на ресорите, лидерот на ЛДП вели дека тоа не е реконструкција, туку комплетно нова влада и останува до коалициските партнери дали ќе ги задржат, дали ќе се утврдат негде слабости…
Во однос на мнозинството, тој рече дека очекува тоа да се зголеми и во краен случај да остане како и сега.
„Се очекува зголемување на мнозинството, се очекува одговор од Алтернатива. Ако не ќе остане вака, ако не ќе има 66“,
рече Милевски за Сител.