Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков денеска се пријавил во затворот во Струга за отслужување на тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврдија за МИА од Управата за извршување на санкции.
Претходно Мијалков склучи спогодба со обвинителството за непријавен имот во случајот „Империја“, по што ја смени адресата на живеење од Скопје во Охрид, што му овозможи казната да ја служи во затворот во Струга.
Затворот во Струга е од отворен тип, односно осуденикот може да излегува во текот на денот, а таму само да преноќува.
Покрај Мијалков, во затворот во Струга казната (ќе) ја издржуваат уште тројца обвинето во „Империја“, кои исто како него признаа вина и се спогодија со судот – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски, кои исто како и поранешниот шеф на УБК пред издржување на затворската казна ја сменија адресата на живеење од Скопје во Охрид.