Според пријавата во МВР, 30-годишниот мигрант вчера кај Гевгелија се обидел да се качи во воз кој бил движење, по што паднал, а возот поминал преку неговата десна нога
Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако во инцидент кај Гевгелија воз поминал преку неговата десна нога.

Според пријавата во МВР, 30-годишниот мигрант од Алжир вчера кај местото викано Подвозник се обидел да се качи во воз кој бил движење, по што паднал, а возот поминал преку неговата десна нога.
„Лицето било пренесено во медицинскиот центар во Гевгелија, каде што му се констатирани тешки телесни повреди“,
соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Во врска со случајот запознаен е јавен обвинител од гевгелиското јавно обвинителство, а увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Гевгелија.
