Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по првпат ќе добие официјален превод на локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел.
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе ги презентира извештаите на прес-конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.
Како што информираше Европската комисија, оваа прес-конференција ќе може да биде проследена со превод на секој од јазиците од регионот, вклучително и на македонски јазик.
Ова е првпат Европската комисија да обезбеди превод на други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес-конференција.
