Прашан дали очекува поддршка од противкандидатите што не го поминаа првиот круг, Мециновиќ изјави дека не сака да му наметнува морална стапица никому, но одлучувањето в недела е одговорност на секој човек што не сака да ја види земјата под „апсолутна капа на суетни и одмаздољубиви луѓе“
Говорејќи за кампањата, Мециновиќ на прес-конференцијата обвини дека на овие избори се случил, како што рече, преседан односно дека јавно бил обелоденет неговиот матичен број, што е кривично дело за кое, како што наведе, правниот тим на Левица веќе се подготвува од понеделник да поднесе тужби и кривични пријави
После овој (втор) круг јас ве уверувам, и да не победиме, иако сме сигурно дека в недела ќе славиме победа, но и да не победиме, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе никогаш нема да можат да лажат дека гласањето за трети опции и независни кандидати не може да дојде до некоја физичка манифестација.

Ова го изјави кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на последниот ден од кампањата пред гласањето в недела, каде што ќе се соочи со противкандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Говорејќи за кампањата, Мециновиќ на прес-конференцијата обвини дека на овие избори се случил, како што рече, преседан, односно кривично дело за кое, како што наведе, правниот тим на партијата веќе се подготвува од понеделник да поднесе тужби и кривични пријави.
Прашан за што конкретно станува збор, кандидатот на Левица рече дека во текот на кампањата, кога станало извесно дека тој и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе се борат во вториот круг за функцијата градоначалник на Скопје, бил обелоденет неговиот ЕМБГ (единствен матичен број на граѓанинот), што е класифициран податок.
„Тоа е нешто што не се случило досега, тоа е страшна злоупотреба и е кривично дело и тоа во отежнати околности, јас сум пратеник, кандидат за градоначалник во втор круг и сите тие работи. Но мене ова навистина ништо не ми значи, но мислам дека треба на сите нам да ни значи. Утре истото може да ви го направи некој друг на вас“,
рече Мециновиќ.
Тој упати критики до институциите наведувајќи дека ниту една не реагирала за случајот, кој, како што кажа, навлегува во сферата на човековите права. Според Мециновиќ, случајот потврдува дека имаме неморална и неетичка политика, што ја живееме 30 години.
„Ние живееме во социопатска политичка култура која се наметнува“,
рече тој.
Осврнувајќи се на предизборната кампања, тој кажа дека е презадоволен од неа, затоа што добиле многу поддршка, поради која се охрабрени и имаат уште поголема желба сето тоа да го артикулираат во политичка борба и политичка победа на крај.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со јавното објавување на неговиот матичен број, односно дали смета дека институциите работеле против него, Мециновиќ рече дека сите спреги на политиката, бизнисот, медиумите, во ограничена форма и службите работеле против него и неговата партија, а во корист на неговиот противкандидат од вториот круг.
„Ние како граѓани, не како политичка опција сме предмет на на едни ‘службашки“, едни ‘бизнисменски политики’. Под стравот од табу ние ги игнорираме овие работи. Во моментот кога ќе се освестиме за оние кои нè владеат дека не постои табу, дека не постои морална граница тогаш и ние ќе се ослободиме. И ако го направиме тоа ние можеме да очекуваме демократизација на атмосферата и на процесите. Никогаш повеќе да не ни се повторуваат избори и процеси на одлучување кои ќе бидат длабоко под влијание на оние кои имаат моќ. Моќта е во институциите и сите институции беа впрегнати во победа на Орце Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски ги немаше сите хендикепи кои ги имаше неговиот противкандидат – ги имаше сите пари на негова страна, сите привилегии за рекламирање, на крај не уценуваа како граѓани – ако не победи Орце, пак, ќе живеат во смет. Сè доби човекот, неговиот тим вади лични документи, тоа е нивната политика, на служби, на бизниси, на репресија, нашата политика е политика на комуникација со јавноста“,
рече Мециновиќ.
Комуникацијата на власта, како што кажа тој, е комуникација на структуирано насилство преку институциите и механизмите на владеење. Но, она што го немаат пресметано, додаде тој, е дека конечно „пука балансот дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нам ни се предодредени“.
„После овој круг јас ве уверувам, и да не победиме, иако сме сигурно дека в недела ќе славиме победа, и да не победиме, веќе никогаш нема да можат да лажат дека гласањето за трети опции и независни кандидати не може да дојде до некоја физичка манифестација. Не, еве волјата на оние кои се обидеа да гласаат поинаку, еве ја во вториот круг. Делегитмирањето на нивниот легитимитет не донесе во вториот круг. Џабе им е ништо нема веќе да биде исто“,
рече кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје.

Прашан дали очекува поддршка од противкандидатите кои не го поминаа првиот круг, Мециновиќ изјави дека не сака да му наметнува морална стапица никому, но одлучувањето в недела е одговорност на секој човек што не сака да ја види земјата под „апсолутна капа на суетни и одмаздољубиви луѓе“.
„Морам да потсетам дека ова е веќе одговорност да се спротивставиме на авторитарниот режим на (Христијан) Мицкоски. Ние не смееме да дозволиме да има апсолутна власт, оваа гарнитура злонамерна да има претседателска функција, владина функција, локални единици, да ни ги држат општините скопски и да ни го држат градот, тоа не смее да се случи. Затоа отворено повикувам на поддршка од сите противкандидати од првиот круг, повикувам на поддршка од сите здраворазумни луѓе, повикувам на поддршка од граѓанскиот сектор затоа што јас ако сум првостепено кандидат на Левица, ова е веќе кандидатура на Скопје. Како што кажав, победата, ако се случи, ќе биде натпартиска, а таков ќе биде и мандатот“,
рече Мециновиќ.
Во првиот круг од локалните избори кандидатот на Левица освои 30 665 гласа, додека неговиот за противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, со кого ќе ја бие битката в недела, гласаа 91 663 жители на главниот град.
Инаку, вечерва на полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат в недела, 2 ноември. Со тоа, стартува изборниот молк кој ќе трае до 19 часот во недела кога ќе се затворат избирачките места во општините во државата на кои има гласање во вториот круг.
