Тој додаде дека народот не е деполитизиран, туку индиферентен бидејќи не верува оти може да се дојде до вистинска промена. Според него, вториот круг од изборите отвора нова политичка реалност во Македонија
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, во телевизиски дуел со Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ ја коментираше ниската излезеност на гласачите во првиот круг од локалните избори и истакна дека таа произлегува од недовербата во политички промени.

„Излезеноста почива на тоа што нашите граѓани не гледаат политички промени кога ќе дојде до трансфер на власт. Малата излезеност е генерално продукт на тоа што нашите граѓани сметаат дека не можат да дејствуваат со своето гласачко право што го имаат – не можат да ја сменат судбината“,
рече Мециновиќ.
Тој додаде дека народот не е деполитизиран, туку индиферентен бидејќи не верува оти може да се дојде до вистинска промена. Според него, вториот круг од изборите отвора нова политичка реалност во Македонија.
„Сега имаме други околности, втор круг каде што има натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“,
изјави тој.
