По донесувњето на одлукта метрото во Харков повторно да се пушти во употреба, градските служби побараа од стотиците луѓе кои го користеа подземјето како засолниште од бомби во последните три месеци да ги ослободат вагоните, но многумина сè уште се премногу исплашени да се вратат дома
Метрото во вториот по големина украински град, Харков, денеска повторно продолжи со работа, откако во последните три месеци се користеше како скривница за стотици Украинци од почетокот на руската инвазија врз земјата, јави Ројтерс.
„Нашиот заклучок сега е дека возовите може повторно да се пуштат во работа“,
изјави градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, за ТВ Ројтерс.
По донесувњето на одлукта метрото во Харков повторно да се пушти во употреба, градските служби побараа од стотиците луѓе кои го користеа подземјето како засолниште од бомби во последните три месеци да ги ослободат вагоните, но многумина сè уште се премногу исплашени да се вратат дома.
„Сите се лудо исплашени, бидејќи сè уште има гранатирање, ракетните напади не се запрени“,
рече Наталија Лопанска, која живее во вагон речиси три месеци, јави Ројтерс.
Харков беше под интензивно руско бомбардирање од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, принудувајќи илјадници цивили да побегнат во метрото користејќи го како скривница.