На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез
Зголемена фреквенција на возила од утринава има на патиштата надвор од градските средини – велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На Граничниот премин „Богородица“ со Грција, од утринава за излез од државата се чека околу 45 минути.
На останатите гранични премини, според АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
