Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не се согласува со предлогот на Антикорупциската комисија која побара Владата да се справи со уривањето на дивоградбите во Струга и Охрид, наместо тоа да го прави локалната самоуправа.
Мерко вели дека во Струга треба да се гради.
„Сè ќе му дадеме, не да рушиме. Ние ќе му кажеме да догради уште, не да рушат. Овие работи вас и на многу невладини што ги има во Охрид напаѓаат за Струга што нас за тоа баш не брига … Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Ние сме локална власт. Што сме ние?“,
вели Мерко.
Мерко изјавата ја даде по средбата со министерот за економија, Крешник Бектеши и хотелиерите.
