Германската канцеларка Ангела Меркел в среда ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската Унија што го презема на 1 јули.
Меркел ќе зборува на интернет-дискусија за надворешната и безбедносна политика за време на германското претседателство на Европскиот совет, организирана од германската фондација „Конрад Аденауер“.
Покрај Меркел, на трибината ќе говорат и поранешниот претседател на германскиот Бундестаг и сегашен претседател на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Ламерт, францускиот амбасадор во Германија, Ана-Мари Декорис, директорот на Институтот за кинески студии, Мико Хуотари, како и заменик-претседател на парламентарната група на владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул.
На 1 јули Германија го презема шестмесечното претседателство на Европската Унија од Хрватска.