Портпаролот на талибанците изјави дека тие се подготвени за целосни дипломатски односи со Германија, иако сепак не ја „простиле“ германската соработка со САД
Германија мора да комуницира со талибанците за да може да се продолжи со евакуација на луѓето кои работеле и соработувале на германските проекти, рече канцеларката Ангела Меркел на денешната прес-конференција.
Таа најави дека Германија ќе даде поддршка на меѓународните хуманитарни организации кои помагаат на населението во Авганистан.
Меркел вели дека е добар сигнал што аеродромот во Кабул повторно ќе биде достапен.
Портпаролот на талибанците изјави дека тие се подготвени за целосни дипломатски односи со Германија, иако сепак не ја „простиле“ германската соработка со САД.
Министрите за надворешни работи на Европската унија минатата недела се согласија за потребата од ангажман со талибанците, но рекоа дека тоа не значи дека ја признаваат новата влада.
„За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се вклучиме со новата влада во Авганистан, што не значи признавање, тоа е оперативен ангажман“,
рече шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, во петокот.