На новинарско прашање дали имаат резултати колку пратенички места ќе добијат, Мемов одговори дека нивниот аналитички центар во моментов ги пребројува и ги анализира гласовите
Граѓаните покажаа дека се државотворни и со обезбедувањето на потребниот цензус за избор на претседател, не дозволија државата да се соочи со институционална криза, оцени вечерва на прес-конференција портпаролот на движењето ЗНАМ, Никола Мемов.
Тој го честиташе изборот на претседател на државата и упати благодарност до сите граѓани кои денеска излегле на изборите и својот глас го дале за ЗНАМ.

„Задоволни сме што во текот на кампањата за парламентарните избори успеавме на јавноста да ѝ ги презентираме сите мерки од изборната програма ‘Проглас за достоинствена Македонија’, ги промовиравме нашите кандидати за пратеници, но и нашиот тим експерти од сите области на општественото живеење“,
изјави Мемов.
На новинарско прашање дали имаат резултати колку пратенички места ќе добијат, Мемов одговори дека нивниот аналитички центар во моментов ги пребројува и ги анализира гласовите.