Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз соопшти дека дваесет и шест земји се подготвени да испратат копнени, воздушни и поморски трупи во Украина, како дел од безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија
Полскиот премиер Доналд Туск и италијанската премиерка Џорџа Мелони, по денешниот Самит на „Коалицијата на подготвените“ што се одржа во Елисејската палата во Париз соопштија дека Полска и Италија не планираат да испратат воени трупи во Украина како дел од безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија.

„Веќе многу пати нагласив дека не предвидувам испраќање трупи во Украина дури ни по завршување на војната“,
рече тој.
Според него, доволно е што Полска е најголм центар од каде се организира помошта за Украина и е одговорна за логистиката.
Претходно, италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека нејзината земја нема да испрати војници во Украина за да го набљудуваат евентуалниот мировен договор со Русија.
Посочи дека Италија е подготвена да го поддржи евентуалниот прекин на огнот преку иницијативи за набљудување и обука надвор од укранска територија.
Како што соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Самитот сите сојузници постигнале разбирањее за општата рамка на безбедносните гараанции за Киев.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз соопшти дека дваесет и шест земји се подготвени да испратат копнени, воздушни и поморски трупи во Украина, како дел од безбедносните гаранции во случај на мировен договор со Русија.
Иако не откри кои се земјите што се подготвени да распоредат војници во Украина, засега е познато дека меѓу нив се Франција и Велика Британија.