„Секоја жена треба да има можност да ја раскаже својата приказна јавно доколку сака, а потоа нејзиното сведочење треба трајно да се внесе во конгресниот записник. Тогаш, и само тогаш, ќе ја дознаеме вистината“, рече првата дама на САД
Првата дама на Соединетите Американски Држави (САД) Меланија Трамп негира поврзаност со покојниот осуден сексуален престапник Џефри Епстин, оценувајќи ги обвинувањата за целосно невистинити, пренесува Би-би-си.
Истовремено, таа повика и на конгресни сослушувања на преживеаните жртви на Епстин.

Исто така, ги негираше гласините дека Епстин ја запознал со Доналд Трамп, нарекувајќи ги како злобни обиди да го оцрнат нејзиниот углед.
„Лагите што ме поврзуваат со посрамотениот Џефри Епстин мора да престанат веднаш. Јас не сум жртва на Епстин“,
рече таа.
Посочи дека Трамп го запознала случајно на забава во Њујорк во 1998 година.
„Оваа прва средба е детално документирана во мојата книга ‘Меланија‘“,
кажа таа.
Никогаш, како што додаде, не била жртва на Епстин, ниту знаела за неговите злоупотреби.
Според неа, првпат го запознала со него во 2000 година на настан на кој двајцата присуствувале.
„Во тоа време, не го познавав и немав никакво знаење за неговите криминални активности. Со години, лажни слики и изјави за мене и него се шират на социјалните мрежи. Бидете внимателни во што верувате. Тие слики и приказни се целосно лажни“,
вели Меланија.
Не била, како што рече, сведок на ниту едно од злосторствата на Епштајн.
„Моето име никогаш не се појавило во судски документи, изјави на жртви, искази или истраги на ФБИ поврзани со случајот Епстин. Никогаш немав сознанија за злоупотребата на жртвите. Не бев вклучена во никаква улога. Никогаш не сум била во неговиот авион и никогаш не сум го посетила неговиот приватен остров“,
кажа првата дама на САД.
Таа негираше дека ја познава Гислен Максвел, затворената соработничка на покојниот финансиер.
Се осврна на електронска пошта од 2002 година меѓу неа и Максвел објавена во досиејата на Епстин, велејќи дека се работи за случајна преписка и учтив одговор.
Меланија ги повика пратениците да им дадат можност на жртвите на Епстин да сведочат под заклетва пред Конгресот.
„Секоја жена треба да има можност да ја раскаже својата приказна јавно доколку сака, а потоа нејзиното сведочење треба трајно да се внесе во конгресниот записник. Тогаш, и само тогаш, ќе ја дознаеме вистината“,
кажа првата дама на САД:
Џефри Епштајн беше финансиер и осуден сексуален престапник, кој е пронајден мртов во неговата ќелија на Менхетен во 2019 година.
