Д-р Злате Мехмедовиќ за Сител вели дека е пожелно учениците да се префрлат на онлајн настава, бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат коронавирусот
Мерките што се донесени од Комисијата за заразни болести не се во насока на ублажување на ударот од силен бран, кој што побрзо се пренесува во затворен простор, а тенденцијата во зимските месеци е луѓето да се собираат во затворено, вели доктор Злате Мехмедовиќ.
Во интервју за Сител тој рече дека никој не ја знае точната критичка точка кога таквата експлозија на новозаразени случаи ќе ја имаме во нашата држава, но дека на удар најмногу се невакцинираните. Затоа тој смета дека мора да се зголеми процентот на вакцинирани од сегашните 37 отсто. Во таа смисла тој посочува дека голем број граѓани имаат фалсификувани сертификти.
„Веројатно ние сме единствената држава во светот која има 37 отсто вакцинирани, а веројатно 100 отсто од граѓаните поседуваат такви сертификати“,
потенцира Мехмедовиќ за фалсификуваните сертификати што дел од населението ги користи за влез во моловите и кафулињата.
Тој исто така смета дека е пожелно учениците да се префрлат на онлајн настава, бидејќи веќе не е целосно точно дека помладите полесно го прележуваат коронавирусот.