За евентуално укинување може да се размислува дури кога ќе има релаксирање на ситуација и намалување на бројките на заразени
Целта на сертификатите како што објасни е да се спречи оние кои немаат никаков имунитет, ниту со прележаност, ниту со вакцинирање да влегуваат во простории со висок ризик на ширење на заразата
Со појавата на секој нов сој доаѓа до заобиколување на имунитетот, п така е и со омикрон кога станува збор за прележани или вакцинирани лица кои се заразуваат, но тоа не е причина за укинување на сертификатите за вакцинација.
Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести вели дека ова е четврта варијанта на коронавирусот кај нас и секогаш има можност за заобиколување на имунитетот.
Целта на сертификатите како што објасни е да се спречи оние кои немаат никаков имунитет, ниту со прележаност, ниту со вакцинирање да влегуваат во простории со висок ризик на ширење на заразата.
За евентуално укинување може да се размислува дури кога ќе има релаксирање на ситуација и намалување на бројките на заразени.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали со потврди за присуство на антитела и покрај тоа што некој не е прележан ниту вакциниран ќе може да се обезбеди влез во такви објекти, Мехмедовиќ рече дека присуството на антитела не значи дека некој има имунитет, односно антителата се само еден елемент од имунитетот и тоа не е доволно за да се каже дека некој е заштитен.
„Денеска сертификат искрено не можете да добиете доколку немате прележано болест, односно според тоа што го препорачавме од минатиот пат. Сега сертификатот ќе важи 180 дена, шест месеци, вакцините имаат неограничена важност. Тие кои не можат да докажат дека ја прележале болеста и на тој начин стекнале имунитет или се вакцинирале и на тој начин стекнале имунитет практично ќе бидат заштитени од тоа да не може да влегуваат во простории кои се од висок ризик за заразување со вирусот. И тоа е интенцијата во моментов на сертификатите, да не ги оставиме да бидат на таа страна тие кои немаат имунитет“,
додаде Мехмедовиќ, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.
Од вчера во земјава се спроведува серолошки скрининг на повеќе локации, кои не се откриваат однапред, за да не доаѓаат луѓе наменски да се тестираат, туку да бидат случајни минувачи. Вчера се собрани 200 примероци, кои се анализираат.
За останатите делови од државата ќе се користат трансфузиолошките заводи кои имаат здрави дарители и ќе се искористат тие примероци, а се очекува помош и од центрите за јавно здравје.
Се очекува податоци за имунолошкиот статус на населението да има следната недела.