Папата Франциск даде благослов за денешната посета и изјави дека не е време да се молчи туку со сите сили да се инсистира на окончување на, како што рече „овие гнасни активности“
Меѓународна делегација на верски лидери денеска ќе ја посети Украина во знак на солидарност со украинскиот народ, пренесе Би-би-си.
Се очекува делегацијата да се сретне со оние кои поради воените активности избегаа од источна Украина во западниот град Черновци.
Во делегацијата ќе има христијански, исламски, будистички и хинду свештеници, меѓу кои и поранешниот надбискуп од Кентербери, Роуан Вилијамс.
Вилијамс за Би-би-си минатата седмица рече дека постои силна основа за протерување на Руската православна црква од светскиот религиски совет поради нејзиниот став да не го осуди убивањето невини луѓе во Украина.
Папата Франциск даде благослов за денешната посета и изјави дека не е време да се молчи туку со сите сили да се инсистира на окончување на, како што рече „овие гнасни активности“.