Во минатото Израел цврсто негираше дека неговите дејствија во Газа претставуваат геноцид, што се обидува да го докаже пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој го обвинува за геноцид

Водечко меѓународно здружение за истражување на геноцид усвои резолуција во која се наведува дека се исполнети законските критериуми за да се утврди дека Израел врши геноцид во Газа, изјави денеска претседателот на здружението.
Осумдесет и шест проценти од гласачите во Меѓународното здружение на научници за геноцид (ИАГС), кое брои 500 члена, ја поддржаа резолуцијата, во која се тврди дека политиките и дејствијата на Израел во Газа ја исполнуваат законската дефиниција за геноцид според член 2 од Конвенцијата на Обединетите нации од 1948 година за спречување и казнување на кривичното дело геноцид.
Министерството за надворешни работи на Израел не даде веднаш коментар за извештајот.
Во минатото Израел цврсто негираше дека неговите дејствија во Газа претставуваат геноцид, што се обидува да го докаже пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој го обвинува за геноцид.
Израел го започна својот напад врз Појасот Газа во октомври 2023 година откако борци од Хамас, палестинската милитантна група што ја управува крајбрежната енклава, нападнаа израелски населби убивајќи 1 200 и киднапирајќи 250 луѓе.
Оттогаш во израелската воена кампања загинаа 63 000 луѓе, оштетени или уништени се поголем дел од зградите во Газа и речиси сите нејзини жители беа принудени да ги напуштат своите домови барем еднаш.
Здружението за студии за геноцид усвои девет резолуции од своето основање во 1994 година признавајќи ги историските или современите настани како геноцид.