Наградата се темели целосно на оцените и повратните информации од патниците за време на нивниот престој на аеродромот – од ефикасноста на чекирањето и безбедносните проверки, до чистотата, удобноста на терминалот и јасната ориентација и сигнализација

Меѓународниот аеродром „Скопје“ е добитник на престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, која ја доделува Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World).
Признанието било врачено за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул, соопштија денеска од „ТАВ Македонија“.
Од компанијата велат дека ова е 11. ваква награда за скопскиот аеродром, со која уште еднаш се потврдува неговата позиција меѓу водечките европски аеродроми во однос на квалитетот на услугите и оперативната извонредност.
Наградата се темели целосно на оценките и повратните информации од патниците за време на нивниот престој на аеродромот – од ефикасноста на чекирањето и безбедносните проверки, до чистотата, удобноста на терминалот и јасната ориентација и сигнализација.
