Амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук, денеска одржа видео брифинг на кој даде детали за третиот ден од рускиот напад во нејзината земја.
„Непријателот бомбардира и лансира ракети во сите правци. Најцинично е што цел на нападите се социјалната сфера, цивилите. Ракети беа лансирани кон градинки и сиропиталишта, стрелат по колите на итна помош, хоспитали. Вчера ракета беше лансирана во висококатница во Киев на улицата „Лобановскиј“. Во близина има породилиште, училиште. Гранатирањето на куќата на Лобановскиј ќе биде една од епизодите во истрагата за воените злосторства на рускиот режим во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Соодветниот правен процес е веќе започнат“,
вели украинската амбасадорка.
Таа вели дека Русите се обидуваат да го опкружат главениот град Киев од сите страни.
„Тие лансираат диверзантски групи кои се претставувват како украински војници или полицајци облечени во нивната облека. Во Кијив се водат борби. Но, и оваа ноќ, благодарение на нашите војници и жители од градот, нашиот сакан град издржа. Луѓето го бранат својот град, им се доделува оружје“,
рече амбасадорката.
„Заклучно со 6 часот наутро на 26 февруари, во Киев беа повредени 35 лица, меѓу кои и две деца. Утрото на 26 февруари, рускиот режим брои загуби во војната на Русија против Украина. Имат човешки загуби – повеќе од 3 500 руски војници, речиси 200 војници беа земени во заложништво, соборени се авиони и погодени се тенкови. За жал и ние имаме загуби. Сред цивили 198 мегу нив 3 деца. 1 115 се ранети, мегу нив 33 деца. Имаше жестоки битки низ целата територија на Украина. Русите прво бомбардираат, а потоа испраќаат тенкови. Нашите војници водат жестоки битки“,
објаснува Задорожњук.
Во својот говор, амбасадорката вели дека Украинците ќе продолжат да се борат и им се благодарни на државите за помошта која ја добиваат. Од друга страна, посочува дека Русија веќе се соочува со санкции.
„Путин и Лавров лично се вклучени во санкциите на ЕУ. Веќе се работи на нов пакет санкции. Руските банки, компании, стоки буквално се исфрлаат од полиците, финансиските системи, берзите. Голем број земји веќе го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании, а денес тој број само ќе расте. Светските отпадници ќе мора или воопшто да не летаат или да прелетуваат преку пола свет. Неколку земји од ЕУ престанаа да издаваат визи за Русите. Во Советот за безбедност на ООН, за време на обидот да се утврди резолуција, Русија очајно се обидуваше да не остане единствената земја која ќе стави вето. Тоа не ѝ успеа. Дури и блиските нејзини пријатели се воздржуваа од отворено застанување на страната на Русија“,
изјави Задорожњук.