Посочи дека имињата на починатите по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејствата
Досега се утврдени повеќе од 20 повредени малолетни лица и три починати малолетни лица во пожарот што изби во дискотека во Кочани, соопшти на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Согласно првичните информации, во дискотеката имало околу 500 лица. Околу 250 карти се продадени“,
вели министерот.
Според него, имињата на починатите по завршување на идентификацијата ќе бидат доставени до семејствата.
„Идентификувани се најголем број од жртвите. Сите тела што беа во рамки на кривично-правниот настан се извадени од лице место“,
кажа тој.
Посочи дека во критична состојба се 22 лица.
„Дел од нив ќе бидат пренесени со авион во Турција, дел во Бугарија, дел во Грција. Истите ќе имаат соодветен третман за нивно лекување“,
рече Тошковски.
Претходно, министерот соопшти дека во пожарот во дискотека во Кочани загинати се 59 лица, а бројот на повредени е повеќе од 150.