Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светската банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути, предвидува Медведев за 2023 година
Поранешниот руски претседател и актуелен потпретседател на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев ги претстави своите предвидувања за следната година.
„Во новогодишната ноќ сите се занимаваат со предвидувања. Многумина излегуваат со футуристички хипотези, како да се натпреваруваат да го одберат најлудото, дури и најапсурдното. Еве го нашиот скромен придонес“,
напиша Медведев на својот твитер-профил.
Тој ги направи следните десет предвидувања за 2023 година:
- „Зголемување на цената на нафтата на 150 долари за барел и на гасот на 5 000 долари за 1 000 кубни метри
- Враќање на Обединетото Кралство во ЕУ
- Распадот на ЕУ по враќањето на Обединетото Кралство и укинувањето на еврото како валута на поранешната Европска Унија
- Окупацијата на западните региони на поранешна Украина од страна на Полска и Унгарија
- Создавањето на четвртиот рајх врз основа на Германија и сателитите што ѝ се придружија (Полска, балтичките земји, Чешка, Словачка, Романија, Република Киев и други отпадници)
- Војна меѓу Франција и четвртиот рајх. Поделбата на Европа, вклучително и новата поделба на Полска
- Одвојување на Северна Ирска од Кралството Велика Британија и Северна Ирска и приклучување кон Република Ирска
- Американска граѓанска војна, одвојување на Калифорнија и Тексас во независни држави. Создавање на сојузната држава Тексас и Мексико. Последователната победа на Илон Маск за време на претседателските избори во САД во некои од државите кои беа доделени на републиканците по граѓанската војна
- Трансфер на сите поголеми берзи и финансиски активности од САД и Европа во Азија
- Колапс на финансискиот систем на Бретон Вудс, ММФ и Светската банка. Отфрлање на еврото и доларот како светски резервни валути. Враќање на златниот стандард. Транзиција кон активно користење на дигитални валути“.
On the New Year’s Eve, everybody’s into making predictions
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) December 26, 2022
Many come up with futuristic hypotheses, as if competing to single out the wildest, and even the most absurd ones.
Here’s our humble contribution.
What can happen in 2023: