Медицинска сестра од Неготино е позитивна на ковид-19, јави МИА.
Станува збор за жена на 57 годишна возраст вработена во Итната служба, која со мали симптоми е на домашно лекување.
Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци за МИА ја потврди информацијата и вели дека се работи на утврдување на нејзините контакти со цел да се испратат во самоизолација.
