Тој во интервју за весникот „Лајм“ нагласува дека сите кадри кои го поддржувале различното мислење и се дел од фракцијата, биле разрешени и политички диференцирани како во 80-тите во комунистички стил, „додека овие дејствија во јавноста се обидуваат да ги релативизираат со тоа дека овие позиции припаѓаат на Алијанса за Албанците, но граѓаните ги читаат овие игри“
Демократската унија за интеграција (ДУИ) деновиве тајно, далеку од медиумите, одржала состанок на Централното претседателство на кој, од 33 члена, учествувале седум члена на Централното претседателство и два члена на Генералниот совет. На состанокот не биле поканети членовите на фракцијата на ДУИ, кои се дел од т.н. огнена група, а се дискутирало за нивно бркање од партијата, открива во интервју за весникот „Лајм“, Изет Меџити.
„На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со ‘огнената група’, дали ќе нè избркаат. Претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината, мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино-лобито предводено од г. Груби, кој, за жал, по сè изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да нè избркаат, и добро е што не е време на монизмот, па да можат и да нè стрелаат“,
вели Меџити.
Тој нагласува дека сите кадри кои го поддржувале различното мислење и се дел од фракцијата, биле разрешени и политички диференцирани како во 80-тите во комунистички стил, „додека овие дејствија во јавноста се обидуваат да ги релативизираат со тоа дека овие позиции припаѓаат на Алијанса за Албанците, но граѓаните ги читаат овие игри“.
„Ако мислеа дека со смената од извршните функции ќе нè ослабат, напротив, само ги бетонираа нашите ставови. Оние функционери кои се разрешени од ДУИ и кои служеле со години и кои придонеле за победите на ДУИ, ова разрешување од ДУИ без никаква причина само ги бетонира во нивните ставови, додека овие акробации секако ќе ја чинат ДУИ многу скапо“,
посочува Меџити во интервјуто.