Норвешките медиуми објавија видео од наводниот напаѓач, кој гол од половината нагоре и со нож во раката трча по минувачите. Полицијата прво соопшти дека има повредени минувачи, но подоцна соопшти дека само еден полицаец е полесно повреден
Маж вооружен со нож нападнал минувачи на улиците на норвешката престолнина Осло, пред полицијата да го убие, соопштија официјални лица.
Норвешките медиуми објавија видео од наводниот напаѓач, кој гол од половината нагоре и со нож во раката трча по минувачите. Полицијата прво соопшти дека има повредени минувачи, но подоцна соопшти дека само еден полицаец е полесно повреден.
Пријавено е дека полициско патролно возило во северниот дел на Осло влегло во дворот на зградата за да го спречи напаѓачот да побегне. Тој ја нападнал полицијата и успеал да ја отвори вратата од автомобилот, по што бил убиен.
„Засега немаме информации дека ова е поврзано со тероризам. За нас ова е самостоен акт, така што нема причина да се грижиме за безбедноста во градот. Ова лице ни е познато од порано и има досие“,
рече на прес-конференција началникот на полицијата.