Случајот е пријавен вчера попладне, а полицијата презема мерки за негово расчистување
Маж од Тетовско е пријавен дека извршил обљуба врз малолетничка, информираат денеска Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Случајот, како што соопштија од полицијата, го пријавил таткото на малолетничката.
„На 10.11.2025 година во 15 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Дебар, 41-годишен маж од Дебарско пријави дека лице од Тетовско извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка“,
се вели во полицискиот извештај.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
