Шпанската полициија уапси жител на Мајорка под обвинение дека заразил 22 лица со ковид-19. Тој криел дека е инфициран и продолжил да оди на работа и во теретана.
Полицијата почна истрага кон крајот на јануари по зголемувањето на бројот на лица заразени со коронавирусот во градот Манакор и информациите дека еден заразен работник ја крие својата болест.
Според неговите колеги, тој и покрај што имал треска одел на работа и намерно ја вадел маската додека кашлал, а и изјавил дека сака да ги зарази сите околу него. На инсистирање на колегите тој се тестирал со ПЦР-тест, но и покрај тоа продолжил да доаѓа на работа.
Откако стигнал позитивниот тест, неговите колеги алармирале кај надлежните институции за настаната ситуација.
Упасениот заразил петмина колеги, кои потоа инфицирале членови на нивните семејства, вклучително и три бебиња.
Мажот заразил и некои луѓе во теретана, кои подоцна го пренеле вирусот на нивните најблиски.