Педесет и едногодишниот Б.Р. од Гостивар е повикан на разговор во полициска станица бидејќи бил пријавен дека се однесувал агресивно и кршел инвентар во гостиварската општа болница.
Како што информира СВР Тетово, вчера околу 15 часот, во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р. (78) од гостиварското село Сенокосе. Жената за кусо време починала на Интерното одделение. Набрзо потоа, нејзиниот 51-годишен син Б.Р. физички нападнал вработена на одделението и агресивно се однесувал. Б.Р. почнал да удира по инвентарот во внатрешноста на просториите.
Настанот бил пријавен во полициска станица по што увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.