Триесет и едногодишниот маж и 29-годишната жена наводно ги прескокнале оградите во Кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува Сан
Непознати маж и жена упаднале на имотот на британската кралица Елизабета во Виндзор. Како што објави крлското семејство на својот Инстаграм профил упадот се случил минатата недела, но таа вест дури сега ја потврдија за британските медиуми.

Триесет и едногодишниот маж и 29-годишната жена наводно ги прескокнале оградите во Кралската ложа, во близина на местото каде што кралицата ги шета своите кучиња и јава коњи, пишува Сан.
Во тоа време кралицата не била на имотот, а провалниците на крајот биле уапсени веднаш до црквата и домот на синот на кралицата, принцот Ендрју, кој во тоа време бил дома.
„Двојката шетала на прекрасниот имот со часови, без никој да ги забележи, што е голем пропуст на обезбедувањето“,
велат извори блиски до кралицата, за британските медиуми.
Ова е втор пропуст за обезбедувањето за кратко време. Неколку дена порано, тие по грешка пуштија непозната жена да влезе на имотот Виндзор.