Покрај 16-годишното момче, истиот маж физички го нападнал и неговиот другар
Маж вчера нападнал малолетник на автобуска постојка во скопски Аеродром, при што насилно го бутнал во багажникот и барал од него да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот, како што велат од полицијата, е пријавен вчеравечер од мајката на нападнатото 16-годишно момче.
„На 21.01.2026 година во 22 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, Е. Б. (36) од Скопје пријави дека околу 12:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Општина Аеродром, нејзиниот 16-годишен син бил физички нападнат од едно лице, кое насилно го турнало во багажниот простор од неговото патничко возило и барал да му каже кој удирал со снежни топки по неговиот автомобил“,
се вели во полицискиот билтен.
Покрај 16-годишното момче, истиот маж физички го нападнал и неговиот другар.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
