Предлог-одлуката на собраниската Комисијаза избори и именувања сега ќе оди на пленарна седница која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно, со 10 гласа „за“, го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Предлог-одлуката на матичната собраниска комисија сега ќе оди на пленарна седница на парламентот која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември.

Пред да го помине комисискиот филтер, Чучуљ доби најголем број поени од страна на Комисијата за селекција на кандидати за претседател на ДКСК, која ги интервјуираше сите 10 кандидати за оваа позиција.
Адем Чучуљ е актуелен генерален секретар во ДКСК и дипломиран правник со положен правосуден испит. На интервјуто спроведено од Комисијата за селекција тој доби 96,5 бодови и оценка за големо искуство во областа и јасна визија за работата на Антикорупциската комисија.
Огласот за пријавување кандидати за претседател на ДКСК беше објавен уште летово откако досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“, но постапката беше времено запрена поради спроведувањето на локалните избори.
За позицијата прв човек на Антикорупциската комисија првично се пријавија 13 кандидати. Во меѓувреме еден од нив ги повлече документите, а за двајца се утврди дека не ги исполнуваат условите, со што бројот се сведе на 10.
