Руслан Кравченко, главниот обвинител на Украина, кој му е лојален на Зеленски, сега ќе може да ги префрли истрагите за корупција на потенцијално попослушни истражители. Во своето обраќање синоќа, Зеленски ја критикуваше ефикасноста на антикорупциската инфраструктура на Украина, велејќи дека случаите лежат неактивни

Украина вчера ја ограничи автономијата на своите две антикорупциски агенции кои се од централно значење за спроведување на реформите, потег што Брисел го опиша како сериозен чекор назад и изрази длабока загриженост.
Справувањето со ендемската корупција е услов за Киев да се приклучи на Европската Унија, како и за обезбедување милијарди долари западна помош. Независните истражители во последните месеци ги посрамотија високите функционери со обвинувања за корупција.
Амандманите усвоени вчера му даваат на генералниот обвинител, назначен од претседателот, строга контрола врз Националното биро за борба против корупцијата на Украина и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (НАБУ и САПО), изјавија неколку пратеници.
Гласањето предизвика остри критики од раководителите на двете агенции и од високите европски претставници и предизвика најголеми јавни протести од руската инвазија на Украина во 2022 година.
Илјадници демонстранти се собраа во Киев, Лавов, Днепар и Одеса синоќа за да се спротивстават на новиот закон. И покрај барањата на граѓаните Володимир Зеленски да стави вето на законот, претседателот го потпиша синоќа додека протестите беа во тек.
Демонстрантите се собраа и во 20 часот по локално време во близина на театарот „Иван Франко“ во центарот на Киев, само неколку блока од претседателската палата. Главната порака беше упатена кон Зеленски, а луѓето скандираа: „Вето на законот“.
Учасники акції вигукують "Вето на закон".
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) July 22, 2025
Відео – Володимир Тунік-Фриз pic.twitter.com/Lt4FjErwnG
Руслан Кравченко, главниот обвинител на Украина, кој му е лојален на Зеленски, сега ќе може да ги префрли истрагите за корупција на потенцијално попослушни истражители. Во своето обраќање синоќа, Зеленски ја критикуваше ефикасноста на антикорупциската инфраструктура на Украина, велејќи дека случаите лежат неактивни.
„Нема рационално објаснување зошто кривичните постапки вредни милијарди висат со години“,
предупреди тој и додаде дека главниот обвинител ќе обезбеди неизбежна казна за оние што го прекршиле законот.
Гласањето за новиот закон дојде само еден ден откако агенцијата за внатрешна безбедност на Киев уапси двајца службеници на НАБУ под сомнение за врски со Русија и спроведе обемни претреси на вработените во агенцијата од други причини.
Шефот на НАБУ, Семен Кривонос, го повика Зеленски да не го потпишува избрзаниот закон, кој го опиша како обид за уништување на антикорупциската инфраструктура на Украина.
Комесарката за проширување на ЕУ Марта Кос, на платформата Икс напиша дека е сериозно загрижена од развојот на настаните.
„Отстранувањето на клучните заштитни мерки што ја штитат независноста на НАБУ е сериозен чекор назад“,
предупреди таа, потсетувајќи дека владеењето на правото е во самото срце на преговорите за пристапување кон Унијата.
In Kyiv, Ukrainian protests continue against the government of Volodymyr Zelensky
— MintPress News (@MintPressNews) July 22, 2025
Defying an imposed curfew, the demonstrations persist against the passing of a new bill that hands over corruption oversight bodies to the Prosecutor General. pic.twitter.com/7GeNEgXrLy
НАБУ и САПО беа основани по револуцијата на Мајдан во 2014 година, со која беше соборен прорускиот претседател Виктор Јанукович, а Киев се сврте кон Западот. Двете агенции ја засилија својата работа за време на војната, покренувајќи обвиненија против пратеници, министри и поранешниот заменик-шеф на администрацијата на Зеленски.
Активистите против корупцијата се вознемирени откако властите овој месец обвинија водечки активист против корупцијата за измама и избегнување на воена служба. Критичарите ги прикажаа обвиненијата како политичка одмазда за разоткривање на корумпираните службеници.