Претседателот Володимир Зеленски изјави дека нападот е слика за Русија при дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната

Русија испалила 598 дронови и 31 балистичка и крстосувачка ракета во синоќешниот масовен напад врз Украина, соопштија украинските воздухопловни сили, при што загинаа најмалку 14 луѓе, а 48 се здобиле со тешки или лесни повреди.
Меѓу загинатите има и две деца.
Рускиот напад оштетил и енергетски објекти во неколку украински региони, предизвикувајќи локални прекини на електричната енергија.

Нападот врз критичната инфраструктура во Виничкиот Регион во централна Украина оставила 60.000 корисници без електрична енергија.
Европската Унија упати остра осуда за синоќешниот напад врз Киев. Меѓу погодените згради било и седиштето на Делегацијата на ЕУ во Украина.
Претседателот Володимир Зеленски изјави дека нападот е слика за Русија при дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп да ја заврши војната.
„Згрозен сум од уште еден ноќен, смртоносен ракетен напад врз Украина. Моите мисли се со украинските жртви и со персоналот на делегацијата на ЕУ во Украина, чија зграда беше оштетена во овој намерен руски напад“,
објави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Кошта додаде дека ЕУ нема да биде заплашена.
„Руската агресија само ја зајакнува нашата решеност да застанеме покрај Украина и нејзиниот народ“,
дополни тој.
Комесарот за проширување Марта Кос, исто така, го осуди нападот врз станбената зона и зградата на делегацијата на ЕУ.
„Остро ги осудуваме овие брутални напади, јасен знак дека Русија го отфрла мирот и избира терор. Изразуваме целосна солидарност со вработените во ЕУ, нивните семејства и сите Украинци кои страдаат од оваа агресија“,
објави Кос на платформата X.