Објавата на Маск е одговор на изјавата што претходно денеска ја даде претседателот на САД од Овалната соба, дека е многу разочаран од милијардерот и технолошки магнат и дека не знае дали ќе остане во добри односи со него
Милијардерот Илон Маск, кој неодамна ја напушти администрацијата на Доналд Трамп, изјави дека без неговата помош, американскиот претседател не би победил на изборите минатиот ноември.

„Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите, демократите ќе го контролираа Претставничкиот дом, а републиканците ќе беа 51-49 во Сенатот“,
напиша Маск во објава на Икс, додавајќи дека Трамп покажал тотална неблагодарност.
Објавата на Маск е одговор на изјавата што претходно денеска ја даде Трамп од Овалната соба, дека е многу разочаран од милијардерот и технолошки магнат и дека не знае дали ќе остане во добри односи со него.
Растечкиот отпор меѓу американскиот претседател и Маск следува откако милијардерот остро го критикуваше законот за даноци и трошоци, додавајќи дека законот ја поткопува работата на Одделот за владина ефикасност, кој тој до неодамна го водеше.