„Не сме сигурни што точно се случило, но имаше масовен кибернапад кој да се обиде да се урне системот на платформата со ИП-адреси кои потекнуваат од областа на Украина“, изјави сопственикот на Икс во интервју за „Фокс бизнис“
Неколку часа откако десетици илјади корисници на Икс не можеа да пристапат до своите профили, сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск објави дека платформата е под масовен кибернапад.

„Имаше и сè уште има масовен кибернапад на Икс. Секојдневно нè напаѓаат, но ова е направено со многу ресурси. Вклучена е или голема, координирана група и/или земја. Следиме…“,
напиша Маск во објава на својот профил на Икс.
Подоцна, во интервју за „Фокс бизнис“, тој изрази сомнеж дека позади кибернападот стојат сторители од Украина.
„Не сме сигурни што точно се случило, но имаше масовен кибернапад кој да се обиде да се урне системот на платформата со ИП-адреси кои потекнуваат од областа на Украина“,
рече Маск.
Сопственикот на Икс не даде никакви докази за своите тврдења.
Денеска околу 6 часот наутро (14 часот по средноевропско време) забележан е зголемен број на поплаки за прекините на Икс. Слични прекини се случија четири часа подоцна кога повеќе од 40 000 корисници пријавија дека немаат пристап до мрежата.