Главниот донатор на Трамп за време на минатогодишната изборна кампања ја напушти Белата куќа минатата недела, каде што неколку месеци го водеше Одделот за ефикасност на владата на САД (ДОГЕ), со став дека републиканскиот закон ќе ја поткопа работата на ДОГЕ и ќе ги доведе САД во уште поголем долг
Неполна недела откако се повлече од функцијата во администрацијата на Доналд Трамп, милијардерот и технолошки могул Илон Маск отвори нов фронт со американскиот претседател оценувајќи го неговиот закон за даноци и трошење како гнасен, пишуваат светските медиуми.

Маск својот став околу законот, кој Трамп го најави како голем и прекрасен, го соопшти во објава на неговата социјална платформа Икс, критикувајќи го Претставничкиот дом во американскиот Конгрес што дозволил да помине, како што вели, еден таков одвратен закон.
„Жал ми е, но едноставно не можам повеќе да поднесам. Овој масовен, скандалозен, полн со глупости закон за трошење на Конгресот е одвратна гнасотија. Срам за оние што гласаа за него, знаете дека погрешивте. Го знаете тоа“,
напиша Маск вчера на Икс.
I’m sorry, but I just can’t stand it anymore.
— Elon Musk (@elonmusk) June 3, 2025
This massive, outrageous, pork-filled Congressional spending bill is a disgusting abomination.
Shame on those who voted for it: you know you did wrong. You know it.
Маск, кој и претходно го критикуваше предложениот закон, на шега велејќи дека тој може да биде голем или убав, но не и двете, во својата нова објава додава дека законот масовно ќе го зголеми гигантскиот буџетски дефицит на 2,5 трилиони долари и ќе ги оптовари американските граѓани со, како што наведува, ужасно неодржлив долг.“
„Конгресот ќе ја банкротира Америка“,
вели милијардерот.
Главниот донатор на Трамп за време на минатогодишната изборна кампања ја напушти Белата куќа минатата недела каде неколку месеци го водеше Одделот за ефикасност на владата на САД (ДОГЕ), со став дека републиканскиот закон ќе ја поткопа работата на ДОГЕ и ќе ги доведе САД во уште поголем долг.
Во своето несогласување со законот, Маск вчера доби поддршка од Томас Маси, еден од само двајцата републиканци кои минатиот месец гласаа против законот во Претставничкиот дом, но во меѓувреме доби и прекор од претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон кој изјави дека повеќе од 20 пати разговарал со Маск по телефон во понеделникот во врска со законот, пишува „Гардијан“.
Според Џонсон, законот ги постигнал предизборните ветувања, а воедно направил трајни масовни намалувања на даноците и трошоците.
„Со сета должна почит, мојот пријател Елон ужасно греши во врска со законот. Тоа е многу важен прв почеток. Илон го промашува…Длабоко жалам што ја направи оваа грешка“,
изјави претседателот на Претставничкиот дом.
Откако со тесно мнозинство беше усвоен од Претставничкиот дом, законот сега е на разгледување во Сенатот, кој треба да усвои ревидирана верзија до 4 јули. Некои од републикански сенатори, кои се конзервативни во однос на фискалната политика, како сенаторите Рон Џонсон и Ранд Пол, ја делат загриженоста на Маск околу потребата од значително намалување на трошоците.
„Имаме доволно (одложувања) за да го запреме процесот сè додека претседателот не стане сериозен во врска со намалувањето на трошоците и намалувањето на дефицитот“,
изјави сенаторот Рон Џонсон за Си-ен-ен.
Трамп претходно ги отфрли критиките од републиканските неистомисленици, оценувајќи ги како обид за привлекување внимание и ги повика да се приклучат во поддршка на законот. Според „Гардијан“, неговото влијание се покажало како одлучувачко во „задушувањето“ на можен „бунт“ во Претставничкиот дом.
„Се даваат толку многу лажни изјави за големиот прекрасен закон“,
напиша Трамп на неговата социјална платформа Трут соушл“ (Truth Social).

Белата куќа го уважи ставот на Маск за законот, но соопшти дека не го променила својот во врска со ова прашање.
„Видете, претседателот веќе знае каде стои Илон Маск во врска со овој закон. Тоа не го менува мислењето на претседателот. Ова е еден голем, прекрасен закон и тој се држи до него“,
рече портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Инаку, како што пренесуваат медиумите, законот ги продолжува намалувањата на даноците на Трамп од 2017 година и вклучува нови трошоци за гранична безбедност и војската. Републиканците имаа за цел да ги компензираат овие трошоци со намалувања на програми како што се Медикејд (програмата за здравствено осигурување), купони за храна и даночни кредити за зелена енергија.
Проекциите од Канцеларијата за буџет на Конгресот и независните аналитичари велат дека законот ќе додаде помеѓу 2,3 трилиони и 5 трилиони долари на дефицитот во следните 10 години. Претставниците на Белата куќа тврдат дека економскиот раст генериран од намалувањето на даноците ќе го компензира зголеменото трошење.
Демократите предупредија дека со него милиони луѓе да го изгубат осигурувањето, со цел да се платат намалувањата на даноците за милијардерите.
„Доналд Трамп и неговиот таканаречен „голем, убав закон“ се грди во самата своја суштина. Зад чадот и огледалата лежи сурова и драконска вистина: даночни олеснувања за ултрабогатите платени со уништување на здравствената заштита за милиони Американци“,
рече во својот говор лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер.
Подоцна, реагирајќи на објавата на Маск на Икс, Шумер на Икс напиша: „Не мислев дека е можно, но…се согласувам со Илон Маск.
Независниот сенатор од Вермонт, Берни Сандерс исто така, објави дека Маск е во право и дека законот е одвратен.
„Не треба да даваме 664 милијарди долари даночни олеснувања на 1 отсто од најбогатите. Не треба да исфрлиме 13,7 милиони луѓе од Медикејд. Не треба да скратиме 290 долари милијарди долари од програмите за хранење на гладните. Да го победиме овој гнасотилак“,
вели Сандерс.
Musk is right: this bill IS a “disgusting abomination”.
— Bernie Sanders (@BernieSanders) June 3, 2025
We shouldn’t give $664 billion in tax breaks to the 1%.
We shouldn’t throw 13.7 million people off of Medicaid.
We shouldn’t cut $290 billion from programs to feed the hungry.
Let’s defeat this disgusting abomination. pic.twitter.com/Hg01E9xcB8