Организаторите на маршот ја повикаа Франција да прифати бегалци бидејќи никој не би бегал од својата земја доколку животот не му е загрозен
Околу 200 луѓе се собраа во Париз за да се солидаризираат со евакуираните и бегалците од Авганистан, една недела откако талибанците ја презедоа власта во земјата.
На маршот можеа да се забележат транспаренти на кои пишуваше „Авганистанците животи се важни“ на англиски и „Евакуација сега“. Присутните порачаа дека Авганистанците заслужуваат да живеат во демократски свет и дека не смее да се дозволи талибанците да им ја доземат слободата што ја имаа во последниве 20 години.
Организаторите на маршот ја повикаа Франција да прифати бегалци бидејќи никој не би бегал од својата земја доколку животите не им се загрозени.
Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот рече дека Франција ќе ја исполни својата должност кон оние што се во најризичната позиција, но додаде и дека Европејците мора да се заштитат од значителни нерегуларни мигрантски бранови.
Франција евакуираше речиси 600 луѓе од Кабул од понеделникот, претежно авганистански државјани кои работат со француската влада.