Професорот Горан Марковски, кој е независен кандидат за градоначалник на Скопје, рече дека ако ја добие поддршката од граѓаните, целосно ќе се фокусира на навремена и целосна изградба на пречистителната станица
Пречистителната станица за отпадни води е еден од најкапиталните проекти за градот Скопје, но и за целата држава – порача професорот Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Градот Скопје, поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Марковски рече дека ако ја добие поддршката од граѓаните, целосно ќе се фокусира на навремена и целосна изградба на пречистителната станица – проект кој, како што рече, е еден од најсуштинските за градот.
„За жал, овој проект беше мета на дневнополитичките игри и пресметки од институциите и партиите“,
изјави независниот кандидат за градоначалник поддржан од „Независни заедно“.
Марковски напомена дека изградбата на пречистителната станица треба да овозможи заштита на животната средина и подобар квалитет на живот за сите скопјани, потенцирајќи дека здравјето на граѓаните мора да биде прв приоритет, а секоја мерка и политика треба да бидат во таа насока.